„Only fools and horses“ на американски начин

Американската верзија доаѓа 30 години по премиерата на британскиот оригинал на Би-би-си, кој има милиони обожаватели низ целиот свет.

 |   | 
Only fools and horses
Only fools and horses

Stive CarelСимпатичните губитници Дел-Бој и Родни се подготвуваат да ја освојат Америка. Пилот-епизодата веќе се подготвува во Еј-би-си, а сценариото ќе го пишуваат авторите на „Скрабс“, Стивен Крег и Брајан Бредли.
Американската верзија доаѓа 30 години по премиерата на британскиот оригинал на Би-би-си, кој има милиони обожаватели низ целиот свет.

Американската серија, исто како оригиналот, ќе се фокусира на авантурите на двајца браќа и нивниот дедо и нивните обиди да се збогатат.

Но Американците веќе имаат проблем со преводот на славните фрази на „Сплетки“.
Only fools and horses
Стив Карел веќе се пријавил за улогата на Дел. Тој дури и си кажал кој сè мисли дека треба да ги игра другите ликови: Пол Рад – Родни, Винс Вон – Бојс, а Бен Стилер дедото.

Тој изјави: „Ова е мојата улога од соништата. Британците прават најдобри хумористични серии на светот. Мислам дека со добри сценаристи нема премногу да ја уништиме „Сплетки“. Ако некој сака да ми помогне во „американизацијата“, би му бил благодарен“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top