Огнен пекол во срцето на Париз

Во пожарот кој избил ноќеска во зграда во Париз загинале 9 лица, едно лице е во критична состојба, а повеќе од 30 се повредени, помеѓу кои и шест пожарникари.

 |   | 

Во пожарот кој избил ноќеска во зграда во Париз загинале 9 лица, едно лице е во критична состојба, а повеќе од 30 се повредени, помеѓу кои и шест пожарникари.

Жителите од луксузниот кварт се качувале на кровот за да побегнат од чадот и пламените додека спасувачките екипи се бореле против пожарот. Парискиот тужител Реми Хејц изјавил дека истражителите веруваат дека причината за пожарот е “кривично дело”.

Како што наведуваат пожарникарите, пожарот избил околу еден часот по полноќ, а многу станари се качиле на кровот и викале од своите прозорци.

“Бројот на жртви би можел да се зголеми бидејќи пожарот кој го зафатил седмиот и осмиот кат сѐ уште не е изгаснат”, изјавил портпаролот на пожарникарската служба.

Тужителот изјавил денеска пред новинарите дека истрагата е започната и дека е премногу рано да се утврди причината за пожарот, но главната претпоставка е дека тој е подметнат.

На интернет се појавија снимки од местото на настанот. Во гаснењето на пожарот учествуваат околу 200 пожарникари кои помагаат во спасување на заробените станари на кровот. Евакуирани се и околните згради во елитниот кварт кој се наоѓа во близина на Ајфеловата кула.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top