• Почетна
  • Archive
  • Сцена & Муабети
  • Одобрен е грант за изработка на студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро

Одобрен е грант за изработка на студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро

Oд Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека во соработка со невладиниот сектор изготвена е предлог апликација за номинација на Охридско Езеро и Студенчишко Блато на Листата на Рамсарската Конвенција. Таа работа резултираше и со  дополнување на студијата за Студенчишко Блато.

 |   | 

Oд Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека во соработка со невладиниот сектор изготвена е предлог апликација за номинација на Охридско Езеро и Студенчишко Блато на Листата на Рамсарската Конвенција. Таа работа резултираше и со дополнување на студијата за Студенчишко Блато.

Во тек е нејзино институционално усогласување. Исто така, без оглед што сеуште немаме статус на земја членка на ЕУ ние интензивно работиме на подготовката на инвентар за идентификација на идни потенцијални Натура 2000 подрачја, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

И токму, по повод 5 Јуни, од страна на IUCN одобрен е грант, и во најскоро време ќе започне изработка на Студија за валоризација и Нацрт-План за управување со Споменикот на природата Охридско Езеро, како и Нацрт-План за управување со идниот Национален парк Шар Планина. Проектот ќе биде спроведен од страна Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за заштита на природата за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO) во соработка со МЖСПП и УНЕП, а со учество на меѓународни и национални експерти.

„Останува сите општествени чинители на национално и локално ниво, вклучувајќи го граѓанскиот сектор, училиштата и секој поединец да преземат акција за ревитализација и заштита на природните екосистеми“, порачувааат од ресорното министерство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top