Соопштија денеска на заедничка прес-конференција премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши.
Од октомври во домовите кај граѓаните на Македонија, се враќа евтината тарифа на струјата. Денската евтина тарифа, секој работен ден, вклучително и сабота, ќе трае од 14 до 16 часот, а во недела преку цел ден. Исто така, секој работен ден од 22 до7 часот наутро.Премиерот Заев денеска изјави дека со тоа што ја вратиле евтината тарифа на струјата, практично им помогнале да заштедат на најсиромашните категории граѓани
„Оваа мерка чини 8 милиони евра, пари што им ги враќаме назад на сите граѓани. Мерката најмногу ќе им користи на сиромашните граѓани, што значи дека тие најмногу ќе заштедат. Оваа мерка нема да влијае на цената на струјата“, рече Заев.
Премиерот рече дека како Влада со сигурност може да кажат дека до јуни в година нема да има покачување на цената на струјата, но, сепак, ако расте цената на берзите, сигурно дека ќе има корекции и кај нас. Според вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев ЕВН нема да добие субвенции поради воведувањето на новата мерка на Владата. Во донесувањето на одлуката, како што рече Анѓушев, биле консултирани сите релевантни фактори.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град