Од Охридското езеро е извадена артилериска граната од Првата Светска војна

Вчераутро околу 06:30 часот, од водите на Охридското езеро е извадена артилериска граната 75mm од Првата Светска војна, со превземени безбедносни мерки, информираат од  Дирекцијата за заштита и спасување.

 |   | 

Ангажиран беше нуркачот и пиротехнолог Милутин Секулоски тим лидер на тимот за заштита и спасување под вода од Дирекцијата за заштита и спасување, претходно обучуван и ангажиран при чистење на Охридското езеро во неколку фази од неексплодирани убојни средства заостанати од Првата Светска војна.

Во акцијата учествуваше и пиротехничар со долгогодишно искуство и ангажман од Подрачното оддление за заштита и спасување Кичево, Драгољуб Попоски, заради прифаќање и безбедно транспортирање на гранатата во магацин за привремено складирање се до нејзино уништување на локација за таа намена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top