Специјалната обвинителка Катица Јанева причините кои излегоа во јавноста не ги коментира ниту пак кажува зошто се одлучила да го намали тимот и зошто токму овие две обвинителки, пренесува „Телма“.
Специјалната обвинителка Катица Јанева причините кои излегоа во јавноста не ги коментира ниту пак кажува зошто се одлучила да го намали тимот и зошто токму овие две обвинителки, пренесува „Телма“.
Каква одлука ќе донесе советот и самите обвинители не знаат и не се сигурни по кој закон ќе постапуваат.
Во моментов обвинителките се водат како вработени во специјалното јавно обвинителство. Од советот на јавни обвинители се пожалија дека законот за специјално обвинителство и за старото обвинителство во делот за разрешување се косат еден со друг и не се знае по кој закон и како ќе се постапува.
Од советот велат дека постапките комисиите и проверката на нејзината работа не е опструкција на специјалното обвинителство, туку во јавноста се прави фама токму поради недореченостите во законот за специјалното обвинителство.
Јанева денеска не одговори на ниту едно прашање туку најави дека ќе органзира посебна средба со медиумите и ќе даде оттчет за работата. За еден месец отчет ќе треба да даде и пред пратениците во Собранието, а дотогаш секојдневно нејзиниот тим ги проучува предметите за “Сопот”, “Монструм”, “Ровер”, а активно работи на “Пуч” и случајот со смртта на Мартин Нешковски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град