Денес во 11 часот во Заводот за кардиологија Свети Стефан – Охрид , каде ќе се промовира и официјално ќе се воведе нова процедура за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови ( стенози ) кои имаат масивни кациумски депозид во ѕидот.
Денес во 11 часот во Заводот за кардиологија Свети Стефан – Охрид , каде ќе се промовира и официјално ќе се воведе нова процедура за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови ( стенози ) кои имаат масивни кациумски депозид во ѕидот.
Методата се вика РОТАБЛАЦИЈА за која се користи посебна апартура за таа намена и специфично дизајнирани ротаблациони кактетри кои се воведуваат преку водилна коронарна жица и вршат еден вид на вртлозно бушење ма запушувањата овозможувајќи отворање на крвниот сад , а потоа и поставување на стентови.
Се работи за скапа процедура која се применува само во помал број на центри кои имаат голем волумен на работа и од страна на искусни и добро тренирани интервентни кардиолози. Во Македонија се изведува само уште на Клиниката за Кардиологија во Скопје. Стапката на утлизација на методата е околу 5 до 7 % од сите запушувања на срцевите артерии.
Како надополна на оваа метода во Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид веќе четврта година се изведува и интраваскуларен ултразвук со кој може да се евалуира резултатот од стентирањето на ваквите комплексни запушувања и се овозможува отпимизација на резултатите со дополнителни балон дилатации во стентовите или поставување на дополнителни стентови доколку се работи за компликации од процедурата.
И интраваскуларниот ултразвук како и РОТАБЛАЦИЈАТА е комплексна и скапа процедура , врзана со високоволуменски центри за интервентна кардиологија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град