Нова порака од Брисел за Македонија

Нова бриселска порака на македонска адреса – итно да се формира влада и да се избере претседател на Собранието. Несигурноста во земјата мора да заврши и сите партии да ги почитуваат резултатите од изборите, пренесува порталот „24 Вести“.

 |   | 

Нова бриселска порака на македонска адреса – итно да се формира влада и да се избере претседател на Собранието. Несигурноста во земјата мора да заврши и сите партии да ги почитуваат резултатите од изборите, пренесува порталот „24 Вести“.
 
Брсиел  повторно со повик до шефот на државата да ја преиспита одлуката и да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
 
„Го следиме развојот на настаните и постојано говориме, повеќепати нагласивме дека мора да се почитуваат резултатите од последните парламентарни избори, сегашната несигурност мора да заврши и влада мора да се воспостави без понатамошно одложување, базирана на парламентарното мнозинство кое постои“ – рече Коцинајчич.
 
ЕК со јасна  порака и за ВМРО-ДПМНЕ – да престане блокадата на Собранието и да се избере претседател.
 
„Ние сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да се одвива, а ова го вклучува и изборот на нов спикер, што ние би сакале да го видиме без одложување“ – рече Коцијанчич.
 
Денешната порака од Брисел е последна во низата на предупредувања до Иванов, но и до ВМРО-ДПМНЕ да овозможат трансфер на власта. Тоа во четири очи, според информации, на Иванов му го порача и шефот на европската влада Туск, но и Могерини и Хан. Да престанат блокади и опструкциите од Груевски и неговата партија порачаа и сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од Европскиот парламент. По сите европски пораки досега, шефот на државатаго повтори ставот, дека пречките за доделување на мандатот не се отстранети и дека тој останува на своето тврдење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top