Американската вселенска агенција НАСА објави дека мај 2018 година е нов датум за лансирање на мисијата која ќе ја проучува внатрешноста на Марс и ќе се обиде да добие увид за тоа како таа и другите карпести планети како Земјата се формирале.

Вселенското летало требаше да се лансира овој месец, но НАСА изјави дека се работи на поправка на протекот на вакум во францускиот уред кој ќе се користи за мерење на сеизмичката активност на Марс. Компонентата се реконструира и после двегодишно одложување мисијата сега има одредено датум за слетување во ноември 2018-та година.
Уште едно испитување на кое ќе се работи е ископување до длабочина од пет метри за мерење на промените на температурата. НАСА вели дека до сега на Марс немало инструмент кој испитувал толку длабоко.
Трет систем ќе набљудува како планетата е повлекувана од гравитацијата на Сонцето и двете мали месечини кои кружат околу Марс.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град