Нема веќе Сулејман

Познатата турска сценаристка на серијата „Величествениот султан“, Мерал Окај почина во понеделникот во Истанбул, па снимањето на серијата е прекинато.

 |   | 
Sulejman
Сулејман

scenaristka OkajПознатата турска сценаристка на серијата „Величествениот султан“, Мерал Окај почина во понеделникот во Истанбул, па снимањето на серијата е прекинато.

Сценаристката вчера била погребана во Истанбул во присуство на голем број познати личности кои дошле да и’ оддадат почит, како и во присуство на државниот врв. Продуцентите објавија дека снимањето се прекинува на неопределено време, а неизвесно е и дали некогаш ќе биде продолжено, првенствено бидејќи не постои сценарио, но и поради стресот на главните актери поради смртта на сценаристката.

Окај починала рано утрото на 9-ти април во својот дом во Истанбул, од рак на белите дробови. По веста за смртта на сценаристката која била посебно ценета како познавач на турската историја и приликите во дворот, во нејзината куќа побрзале бројни колеги, пријатели и почитувачи, меѓу кои и Халит Ергенч, актерот кој го глуми Султанот Сулејман.

serija

За сите актери во серијата била извор на информации за деталите картактеристични за тој период, па затоа турските медиуми го поставуваат прашањето дали смртта на Мерал Окај истовремено е и крај на „Сулејман“.

Во едно интервју изјавила дека кога ќе почине сака да биде кремирана, што во муслиманскиот свет е доста необично.

„Сакам да бидам кремирана и дел од мојата пепел да биде расфрлена по морето. Водата ме прави среќна. Сакам да заспијам на брод со музика и бранови додека ги гледам ѕвездите и наутро штом ги отврам очите да се фрлам во водата. Мојата желба е сосема легална бидејќи кај нас од 1946 година е дозволено палење и во Анкара постои крематориум“, изјавила тогаш Мерал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top