Негативната енергија е заразна

Секој ден на работа од колегите слушате како се жалат, претерано се грижат околу работата, тагуваат по пропаднатите врски и кукаат за финансиските проблеми?

 |   | 
stress work
stress work

Секој ден на работа од колегите слушате како се жалат, претерано се грижат околу работата, тагуваат по пропаднатите врски и кукаат за финансиските проблеми?
Внимавајте, бидејќи нивното лошо расположение и стрес можат многу лесно да ве заразат, односно да преминат и на вас.
Психолозите откриле дека стресот може да биде заразен како и грипот, а негативноста и анксиозноста на другите многу лесно може да се прошири на сите вработени во канцеларијата.
stress work
– Луѓето се способни да научат да ги имитираат изразите на лицето и тоновите на гласот на другите луѓе, и тоа со изненадувачка брзина. Последица од тоа е дека можеме да ги проживуваме туѓите емоции во запрепастувачка мерка – објаснува проф. Елејн Хатфилд.
Луѓето како сунѓери ги впиваат емоциите на лицата во нивна близина, а додека го апсорбираме стресот од другите, многу лесно можеме и самите да се чувстуваме под стрес, како и поголемо влијание да посветуваме на проблемите кои сме ги занемариле.
stress work
На почетокот се обидуваме да се идентификуваме со чувствата на колегите, но поради константното незадоволство и самите стануваме незадоволни и несреќни, концентрирајќи се на негативните мисли.
Психолозите истакнуваат дека освен негативните чувства на луѓето околу нас, потсвесно ги впиваме и негативниот говор на телото, како што е спуштањето на рамениците или мрштењето. Во теко на разговорот, луѓето автоматски и континуирано ги имитираат другите, а, исто така, го синхронизираат изразот на лицето, тонот на гласот, положбата на телото, како и движењата.
Жените се повеќе склони да ги впиваат туѓите негативни емоции и стрес.

{loadposition conetnt9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top