Наскоро новиот роман на Стивен Кинг

Култниот американски писател Стивен Кинг на својата официјална веб страница го најави излегувањето на неговиот нов роман, “Revival” во ноември оваа година.

Stiven King
Стивен Кинг

Култниот американски писател Стивен Кинг на својата официјална веб страница го најави излегувањето на неговиот нов роман, “Revival” во ноември оваа година.

книгиСпоред описот објавен на неговата веб страница, во новиот роман љубителите ќе можат да прочитаат за животот и односот помеѓу Чарлс Џејкоб и Џејми Мортон.

Чарлс е нов свештеник во малиот град во Нова Англија, а Џејми е момчето со кое Чарлс ја дели заедничката тајна опсесија.

По семејната трагедија, Чарлс се откажува од вербата во Господ и ги исмејува сите религиозни верувања, за што е протеран од градот.
Џејми и Чарлс, повторно ќе се сретнат, а нивната средба ќе има кобни последици за двајцата.

Романот ќе можете да го најдете на пазарот од 11-ти Ноември, 2015.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top