Генетски модифицираната храна и онаа богата со адитиви е главен виновник за појавата на алергиите. Потребно е јадење сезонска храна која расте во регионот.
Генетски модифицираната храна и онаа богата со адитиви е главен виновник за појавата на алергиите. Потребно е јадење сезонска храна која расте во регионот.
На секои три минути, една личност во САД завршува во итна помош поради алергиска реакција на храна – посочува познатиот американски нутриционист, д-р Даг Инголдсбај.
Истражувајќи ги причините поради кои нашите предци немале алергија на храна и поради кои во сите развиени земји се забележува пораст во бројот на лица кои стануваат нетолерантни на различни намирници, докторот стигнал до заклучок дека генетски модифицираната храна и храната која е богата со адитиви е главен виновник за „епидемијата“ од алергија на храна.
„Храната која ја конзумирале нашите предци стигнувала до продавниците директно од фармите, била свежа и немала конзерванси, хормони, антибиотици и емулгатори.
Нашите предци готвеле во своите домови и користеле традиционални методи за подготовка на храна. Покрај тоа, тие не држеле строги диети, не ги броеле калориите и не исклучувале ниту една намирница од исхраната. Тие јаделе тогаш кога имале потреба за храна и не каснувале од здодевност помеѓу оброците.
„Згора на тоа, тие јаделе исклучиво сезонска храна. Во ресторани оделе само за специјалните пригоди и никогаш не конзумирале индустриски подготвена храна, поголем дел од времето го поминувале во активности на свеж воздух и влегувале дома кога било време за спиење“, заклучува д-р Инголдсбај.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град