Група американски научници спонзорирани од НАСА се во потрага по вонземски живот. Каде го бараат? Па на Земјата, поточно во прастарите карпи.
Група американски научници спонзорирани од НАСА се во потрага по вонземски живот. Каде го бараат? Па на Земјата, поточно во прастарите карпи.
Научниците ќе анализираат поединечни карпи стари 3,5 милијарди години, во потрага по клучни информации кои би им помогнале да одговорат на прашањето дали е можен животот на некое друго место во универзумот.
„Карпите секогаш кријат некоја приказна“, изјавил геологот Кларк Џонсон, главен на научниот тим кој го спроведува истражувањето.
Проектот е финансиран од НАСА, која за оваа цел издвоила 7 милиони долари. Тимот има задачи да пронајде доказ за биолошка активност, т.н био потпис-супстанци како елементи или изотопи кои укажуваат на постоење на древен живот.Научниците бараат микроскопски знаци на живот, вклучувајќи и микроби, бактерии и други слични едноклеточни организми кои имаат многу поголема способност за адаптација од развиените, комплексни организми.Тимот ќе прати микроби во орбитата на Земјата за да види како ќе реагираат на радијацијата и космичкото опкружување.
„Постои можност планетите да поминале долг период во услови на микробиолошки живот и во ретки случаи можеби на нив настанал повеќеклеточен живот“, тврди Џонсон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град