Наместо казна затвор добил романтична вечера со сопругата

47-годишниот Џозеф Бреј, обвинет за семејно насилство, наместо во затвор, судот го испратил на романтичен состанок со сопругата. Му наредил да ù купи букет цвеќе, да ја однесе на куглање и на вечера во ресторан за морска храна.

 |   | 
romantic dinner
romantic dinner

47-годишниот Џозеф Бреј, обвинет за семејно насилство, наместо во затвор, судот го испратил на романтичен состанок со сопругата. Му наредил да ù купи букет цвеќе, да ја однесе на куглање и на вечера во ресторан за морска храна.

Очигледно тој се ставил во улога на брачен советник и раскараните сопружници одлучил да ги натера на примирје, нарекувајќи го физичкиот инцидент незначително мал. Се скарале, бидејќи Џозеф заборавил да ù го честита роденденот на сопругата. Ваквата расправија, од вербална, преминала во физичка.

romantic dinner

„Судот не би донел ваква пресуда, ако навистина стануваше збор за сериозно насилство. Од сите можни решенија, ова е најдобро. После романтичната вечера, седни и размисли каде ќе одите на советување. Закажете состанок и во рок од една недела, заедно со сопругата започнете со советувањето“, рекол судијата Џон Харли, на изрекувањето на пресудата.

Сопругата Соња Бреј(39) веднаш ја прифатила пресудата, по што изјавила:

„Мислам дека требаше да ми го честита роденденот, а тој не ми рече ниту добро утро. Но, јас го сакам својот сопруг и сакам да се врати дома“.

Според полицискиот извештај, расправијата започнала во кујната, по што Џозеф ја турнал Соња на софата, ја фатил за вратот и ù се заканил со тупаница, но не ја удрил. Како и да е, судот си го кажал своето.

kavga

Слични неконвенционални пресуди и досега биле изрекувани во судниците низ САД.

Во ноември 2011 година, судија во Орландо, Флорида, на возач без дозвола со прекумерна тежина, му пресудил казна затвор од 30 дена. Но, за секој килограм што ќе го намали додека ја издржува казната, наредил да му се крати по еден ден. Осудениот бил пуштен 10 дена порано.

Во 2008 година пак, судот во Илиноис, на хип-хоп фан му наредил цели 20 часа да слуша класична музика во неговата кола и тоа пуштена на најгласно.

Во Охајо, маж кој бил фатен со проститутка, за да ја избегне затворската казна, морал да парадира по улиците облечен во костум на кокошка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top