Американскиот претседател Доналд Трамп побара од членките на НАТО на денешниот самит да посветат поголемо вниманиево борбата против тероризмот и миграцијата, како и на заканата од Русија и безбедноста на источните граници.

Трамп од земјите во Алијансата побара да ги исполнуваат своите финансиски обврски, потенцирајќи дека 23 од 28 земји не плаќаат за својата одбрана колку што е потребно.
– Ако државите од НАТО ги исполнат своите обврски, Алијансата ќе биде многу посилна пред заканите од тероризмот. Не знам колку чини новото седиште тука, не смеев да прашам, но убаво е, рече Трамп.
Тој воедно со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер разговарале за тоа како да се зајакне притисокот врз Северна Кореја.
Јункер, Туск и Трамп се согласиле дека е неопходно да работат заеднички во продлабочување на соработката во областа на безбедноста, со цел борба против Исламска држава, спротивставување на радикализацијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град