Најомилени книги во последниве 200 год. според светските писатели

Анкетата која беше спроведувана подолго време меѓу познатите американски и британски писатели ја создаде листата на најомилените дела во последните 200 години, како и авторите кои заслужуваат почит.

 |   | 
anna
anna

Анкетата која беше спроведувана подолго време меѓу познатите американски и британски писатели ја создаде листата на најомилените дела во последните 200 години, како и авторите кои заслужуваат почит.

booksМеѓу писателите кои учествувале на оваа анкета, работена во подолг временски период, со писатели од различни генерации, се најдоа Норман Мејлер, Стивен Кинг, Едвин Кинг, Ен Пачет, Џонатан Франзен, Џојс Керол Оутс и многу други. Овие автори поднесуваа сопствена листа од десет наслови, оценувани од еден до десет, а кандидирани биле 544 дела – романи, поетски и збирки раскази. Од нив на крај, рускиот сајт Novosti Literatury ги објави резултатите од анкетата во три листи – две со најдобрите дела од 19-ти и 20-ти век, и листа на десетте најдобри писатели.

Според нив, на прво место е романот на Лав Николаевич Толстој, „Ана Каренина“ како омилено дело за 19-ти век, додека најдоброто дело за 20-тиот век е романот „Лолита“ на Владимир Набоков.
books
Во однос на писателите, освен Толстој кој е на врв на листата, се најдоа и Вилијам Шекспир, Џејмс Џојс, Владимир Набоков, Фјодор Достоевски, Вилијам Фокнер, Чарлс Дикенс, Антон Чехов, Гистав Флобер и Џејн Остин.

cute

Покрај првоизбраната „Ана Каренина“, на листата за најдобри за 19-тиот век се најде и уште еден роман на Толстој, „Војна и мир“ и тоа на третото место. Меѓу останатите се „Мадам Бовари“ на Флобер, „Хаклбери Фин“ на Марк Твен, „Одбрани раскази“ на Чехов, „Мидлмарч“ на Џорџ Елиот, „Моби Дик“ на Херман Мелвил, „Големите очекувања“ на Дикенс, „Злосторство и казна“ на Достоевски и „Ема“ на Џејн Остин.

Во најдобрите дела за минатиот век, покрај „Лолита“ се најде и уште едно дело на Набоков, „Блед пламен“. Покрај нив, на листата се и „Големиот Гетсби“ на Френсис Скот Фитзџералд, „Во потрага по изгубеното време“ на Марсел Пруст, „Улис“ и „Даблинци“ на Џејмс Џојс, „Сто години самотија“ на Габриел Гарсија Маркез, „Врева и бес“ на Вилијам Фокнер, „Кон светилникот“ на Вирџинија Вулф и „Збирка раскази“ на Фланери О’Конор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top