Мобилното 3D кино повторно во охрид

Охридските љубителите на филмската уметност во текот на претстојниот викенд во Центарoт за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можност да погледнат три кино проекции во 3Д технологија.

madmax

Охридските љубителите на филмската уметност во текот на претстојниот викенд во Центарoт за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе имаат можност да погледнат три кино проекции во 3Д технологија.

madmaxФилмовите ќе се прикажуваат во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје. Проекциите ќе можат да се проследат на 16-ти мај и влезниците за сите три кино проекции чинат 200 денари. Со почеток во 17 часот ќе се прикажува 3Д анимираната комедија „Дома“, а во 19 часот ќе се прикажува 3Д проекцијата на филмот „Лудиот Макс“. Со почеток во 21:15 часот ќе биде прикажана 3Д проекцијата на филмот „Одмаздници 2- Ерата на Ултрон“.

За оваа цел МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни Barco 2К дигитални проектори со сервери и Depth Q 3Д модулатори со 3Д очила, како и Dolby CP 750 аудио процесор со ЈБЛ звучници.

Пред околу десет дена охриѓани имаа можност да ги погледнат 2Д и 3Д проекциите на филмовите „Зошто не го изедов татко ми“, „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд“ и „Одмаздници 2- Ерата на Ултрон“.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top