На почетокот на 20 век, нуркачи во потрага по сунѓери во областа Антикитера, помеѓу Крит и Грција наишле на едно од најинтересните откритија кое светот ги има видено –Механизмот Антикитера.
На почетокот на 20 век, нуркачи во потрага по сунѓери во областа Антикитера, помеѓу Крит и Грција наишле на едно од најинтересните откритија кое светот ги има видено –Механизмот Антикитера.
Направата била пренесувана на Романски брод, кој доживеал бродолом во периодот помеѓу 80 и 60 година п.н.е. Се верува дека бродот пловел кон полуостровот Мала Азија, денешна Турција и носел некои од најпрефинетите уметнички дела од тоа време. Нуркачите нашле повеќе од 200 амфори и керамички тегли, кои недопрени лежеле на морското дно.
50 години откако уредот бил пронајден, еден австралијански археолог со помош на ренгенски зраци почнал да открива дека уредот е многу помистериозно дело од колку што првично се сметало. Сепак, поради ограничената технологија во тоа време, вистинската функција на механизмот не била позната.
Во 2005 година, со помош на софистициран софтвер и технологија, конечно било откриено дека Механизмот Антикитера бил астрономски уред и со него морепловците во минатото ја одредувале својата позиција на море, преку читање на ѕвездите на небото.
Тоа исто така, уредот бил користен и како астролошки уред. Со поставување на одреден ден, како што е датумот на раѓање на лицето, може да се види како ѕвездите и планетите ќе се подредат за тоа лице. Во тоа време овој механизам го користле и како „времеплов“ , судбината на луѓето се одредувала според подреденоста на планетите за некое лице.
Уредот исто така можел да ги предвиди месечевите фази, месечевите еклипси и положбата на сонцето и на месечината за годините кои следат. Подоцна исто така било откриено дека уредот можел да ја предвиди и брзината на движење на планетите и како и да го одреди хороскопот, со негова помош се планирале и фестивалите и настаните во античкиот свет.
Матијас Бутет, директор на центарот за истражување и развој на швајцарската компанија за часовници, компанија „Hublot“ , вели: „Овој уред има генијални карактеристики, кои не се наоѓаат во модерните часовници“ Бутет успеа да создаде копија на тој уред со големина на еден просечен рачен часовник.
Уредот користи 30 тркала со многу софистицирани и интерповрзани делови. Истражувачите се уште не се сигурни кој го создал уредот ниту која е неговата вистинска намена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град