Европска унија ги осудува растечките закани и кршење на правата на новинарите, истакна високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини по повод трети мај – Меѓународниот ден на слобода на медиумите.

– Слободата на медиумите е од големо значење за демократиите. Се одбележува денот во многу тешка ситуација за новинарите. Нападите врз слободата на изразување и слободата на медиумите се зголемуваат во цел свет – истакна Могерини.
Таа додаде дека слободни и независни медиуми се обврзни за заштита на демократијата во сцетот. Слободата на медиумите и слободата на изразување се основа на демократијата и придонесуваат за подобро општестви и за прекин на конфликтите.
Могерини наведе дека ЕУ е загрижена за бројните закани и кршења на правата на новинарите и медиумските работници и оти од сите држави очекува да ги исполнат преземените обврски за заштита на слободата на изразување и заштита на новинарите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град