Мажите убедливо се најнеподносливите пациенти

Една анкета спроведена врз 2.000 луѓе открила дека кога станува збор за „зимските“ болести, мажите многу пострашно ги доживуваат главоболките и настинките.

maz
маж

Една анкета спроведена врз 2.000 луѓе открила дека кога станува збор за „зимските“ болести, мажите многу пострашно ги доживуваат главоболките и настинките.

maz79% од жените нормално ја прифаќаат болеста и почнуваат со лечење, додека мажите кенкаат, стенкаат и се жалат за што и да ги боли.

Жените генерално се обидуваат да ги игнорираат настинките и треските, додека мажите мислат дека се на смртна постела и настинката ја доживуваат како апсолутна агонија, открива анкетата.

Дури и кога не користат зборови за да се пожалат, мажите се погласни во „жалењето“ од болеста – на пример, кашлаат погласно отколку што е потребно.

Петтина од нив воздивнувале за да предизвикаат сожалување, а 15% трагично се држеле за делот од телото кој ги боли.

mazИ покрај овие драматизирања, 66% од мажите одбиваат да одат на лекар или во аптека, и повеќе сакаат домашни лекови или едноставно, да ја истрпат болеста.

Еве како жените и мажите преживуваат една  обична настинка.
Жена: „Ништо не ми е, малку настинав“. Маж: „О милостив Боже, олесни ми ја страшнава агонија и помогни ми да ја преживеам настинкава, овој растечен нос и главоболка ќе ме докрајчат“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top