Матуска парада по десетти пат

Денес 22-ри мај 2015 година на градскиот плоштад во организација на општина Охрид и средните училишта, со почеток во 12 часот, по десетти пат ќе се одржи Матурската парада.

parada

Денес 22-ри мај 2015 година на градскиот плоштад во организација на општина Охрид и средните училишта, со почеток во 12 часот, по десетти пат ќе се одржи Матурската парада.

paradaМатурантите под звуците на штраусовиот квадрил ќе играат заедно со своите врсници од други градови учесници од Европа.

Танцот Квадрил потекнува од Франција, каде се појавува во втората половина на 18 век, а во почетокот на 19 век дури и се предавал во некои училишта со што станал широко распространет и негови модификации се среќаваат многу често и во многу други држави. Тоа е танц во кој учествуваат две двојки односно два пара кои своите движења ги изведуваат во просторот во форма на квадрат. За парадата овај танц ќе се игра на музика од штраусовата опера „Лилјакот“.

Минатата година во Охрид, Квадрилот го играа околу 450 матуранти од трите средни училишта, ОСУ „ Св. Климент Охридски“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top