Масоните проговорија

Со цел да ги демантираат безбројните теории на заговор, масоните гообјавија извештајот за својата работа.

 |   | 
logo masoni
лого масони

Масонските ложи во светот имаат околу 6 милиони членови, само во САД 2 милиони, а во Англија и Велс околу 250.000. Прва ложа која се одлучи да покаже современ и транспарентен лик е Обединетата голема ложа на Англија, основана пред 300 години.
Според опширната статија на БиБиСи, островските масони се подготвени да покренат отворена расправа и да го ослободат своето здружение од митовите од минатото.

masoniОсвен што биле обвинувани за корупција, масоните низ историјата биле претставувани и како дизајнери на египетските пирамиди, организатори на Француската револуција, уништувачи на палестинскиот народ.

Една од тезите која големиот секретар на англиската ложа, Најџел Браун сака да ја побие е убедувањето дека масоните се вмрежуваат на професионална основа, тврдејќи дека тоа е забрането според масонските правила. Тој напоменува дека истите тие правила налагаат помагање на браќата ѕидари и чување тајни, што за остатокот од светот претставува плодна основа за развој на мафијашки односи.

Заради традицијата да се регрутираат угледни луѓе, како Џорџ Вашингтон, Бенџамин Френклин и нивните европски пандани, низ светот се прошири впечаток дека масонските кругови управуваат со светот, вон јавните институции и хиерархии.
Демистифицирајќи ги масоните, Браун меѓудругото тврдел и дека нема ни грам вистина во приказната за електричниот шок, кој при ракувањето наводно го користат некои службеници на тоа, во главно, машко братство.

slobodni masoni“Не постои масонско ракување. Извинете што ќе ве разочарам, но моето ракување е скроз нормално. Тоа е еден од најголемите митови, кој многу не загрижува, затоа што наведува на мислењето дека на масоните им е доволно само едно ракување за да склопат бизнис, на штета на некој друг”, објаснува Браун.

Но, тој сепак нагласува дека на ложата сепак и треба мала доза на мистериозност, бидејќи на тој начин членството би било попримамливо. Браун објаснил и зошто на регрутите им ставаат јамка околу вратот.

“Јамката е симбол за папочната врвца, која веднаш по раѓањето се сече. Новиот член не мора да прави ништо. Нема никакви тестови за него. Убавината во иницијацијата е чувството дека припаѓаш таму”, вели тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top