Марко Поло никогаш не стапнал во Кина

Патувањата на Марко Поло во Кина и Далечниот Исток го промовираа како еден од најголемите истражувачи на сите времиња, но сега италијанските археолози тврдат дека тој воопшто не заминал никаде, пренесува Дејли Телеграф.

 |  Маја Савиќ  | 
Marco Polo
Марко Поло

Патувањата на Марко Поло во Кина и Далечниот Исток го промовираа како еден од најголемите истражувачи на сите времиња, но сега италијанските археолози тврдат дека тој воопшто не заминал никаде, пренесува Дејли Телеграф.
Marco Polo
Археолозите сметаат дека Поло “собирал“ приказни за Кина, Јапонија, Монголската империја и тоа најверојатно од персиски трговци кои ги среќавал на бреговите на Црното море. На тој начин трговецот од Венеција ја напишал “Милион“ (Патувањата на Марко Поло), во кои се опишуваат неговите авантури од 1271 до 1295 година.

Особено се нагласуваат големите недоследности и грешки во опишувањето на обидот за инвазија на Јапонија од страна на Кублај Кан во 1274 и 1281 година.

“Ги помешал информациите за двете инвазии. За првата инвазија опишува дека флотата тргнала од брегот на Кореја, но подоцна била уништена од тајфун, пред да стигне до брегот на Јапонија. Ама тоа се случило во 1281. Ако сте очевидец на настаните тешко дека можете да ги измешате овие информации, особено што втората инвазија се случила седум години подоцна“ вели археологот Даниеле Петрела.

Marco Polo na dvor na Cublaj Khan

Освен тоа Поло ги погрешно ги опишува корабите кои биле користени во инвазијата, а во своите описи користи најчесто персиски називи за градовите во Монголија и Кина. Иако Поло пишува дека бил во служба на Кублај Кан 17 години, археолозите заега не го сретнале негобото име во официјалните записи од тоа време.

Предходно повеќе автори исто така го доведуваат под прашање патувањето на Марко Поло по Патот на свилата, поради повеќе други недоследности или погрешни историски факти опишани во неговата книга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top