Малтешката Влада го отфрли апелот на Европскиот парламент да го спречи планот за продажба на пасоши на странците, кои со нивно купување автоматски би станале граѓани на Европската унија.
Малтешката Влада го отфрли апелот на Европскиот парламент да го спречи планот за продажба на пасоши на странците, кои со нивно купување автоматски би станале граѓани на Европската унија.
Пратениците на Европарламентот усвоија резолуција, која нема задолжителен карактер, со која ја повикаа Малта да ја спречи најавената програма, оценувајќи дека со неа се уриваат концептите на европското граѓанство.
Малтешкиот премиер Јозеф Мускат на прес-конференција изјави дека е запознат со ставот на ЕУ, но оти програмата ќе продолжи, како и дека првите барања за купување пасоши веќе стигнале во Владата.
Услов за добивање малтешки пасош ќе биде инвестиција од 1,15 милиони евра, а според зборовите на премиерот бројот на патните исправи е ограничен на 1.800.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град