Малиот Селдо од Македонија прв на мразот во Италија

Осумгодишниот Селдин Салиу, кој потекнува од македонското село Требиште, го освои третото место во уметничко лизгање на големиот Куп на Италија кој се одржа кон крајот на март во Торино, го освои првото место во категоријата кадети.

 |   | 

Селдо со своите родители и малото братче Лиман живее во гратчето Фелтре во Италија. Веќе седум години Селдо тренира по три  часа дневно, а досега има освоено 26 пехари и 28 медали во уметничко лизгање.

Осумгодишното момче е скромно иако досега многупати се искачилo на подиумот и освоилo голем број признанија.Првиот пехар го  освоил на седум годишна возраст во 2012-та година.Негова најголема желба е да ја претставува Македонија на Олимписките игри.

Селдо доаѓа од селото Требиште, кај Маврово Ростуше.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top