Лохан пак в затвор

Актерката Линдзи Лохан е осудена на 120 дена затвор поради прекршување на условната казна со крадење на ѓердан вреден 2.500 долари.

 |  Маја Савиќ  | 
Lohan-2011
Лохан -2011

Lohan po;esto vo sudnica otkolku  vo filmoviАктерката Линдзи Лохан е осудена на 120 дена затвор поради прекршување на условната казна со крадење на ѓердан вреден 2.500 долари.

Лохан неколку часа по изрекувањето на пресудата е пуштена од затвор со кауција од 75.000 долари, а нејзиниот адвокат изјави дека ќе поднесе жалба.

Судијата Стефани Сотнер соопшти дека Лохан со тоа што го украла ѓерданот ја загубила втората шанса добиена по серијата казни поради возење во пијана состојба.

Lohan-2011Освен затворската, на Лохан и е одредена и казна од 480 часа општетсвено-корисна работа, вклучувајќи и работа во засолниште за жени. Судијата Сотнер истакна дека работата во засолништето би можела да и покаже на актерката „како живеат жените на кои навистина имаат потреба од нешто“.

Линдзи во изминатите години имаше повеќе проблеми со законот и неколку пати е осудувана на затворска казна и одвикнување од зависности.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top