Сопствениците на кучињата самите ги имаат искусено придобивките од чување на куче – од мирна и спокојна состојба, до одлични здравствени придобивки.
Сопствениците на кучињата самите ги имаат искусено придобивките од чување на куче – од мирна и спокојна состојба, до одлични здравствени придобивки.
Доколку отсекогаш сте сакале куче или размислувате да си земете куче, овие факти ќе ви помогнат да се одлучите.
Здравствени придобивки
1. Прошетките со кучето го подобрува вашето физичко здравје.
2. Галењето на куче го намалува крвниот притисок, и ги намалува шансите за кардиоваскуларни болести.
3. Чувењето на куче кај децата ги намалува шансите за егзема, честа алергија на кожата која предизвикува црвенило и чешање.
4. Само 19% од децата кои имаат куче имаат развиено алергија од домашни животни, наспроти 33% од децата кои немаат куче.
5. Кучињата може да почувствуваат епилептични напади уште пред да се случат.
6. Децата се помалку болни.
7. Сопствениците на кучињата може побрзо да заздрават од некоја болест и имаат повисоки шанси за преживување после срцев удар.
8. Децата кои имаат кучиња имаат повисока самодоверба.
9. Кучињата помагаат во совладувањето на самотијата; исто така тие помагаат во пребродување на трауми како што е загуба на сакана личност.
10. Чувањето на куче ги намалува шансите од депресија.
11. Кучињата може да го развијат вашиот дух и чувството на благосостојба.
12. Кучињата го знаат јазикот на телото на човекот, изразите на лицето и нивните емоции.
13. Нивното развиено сетило за мирис, слух и вид ги прави кучињата многу интелигентни и верни домашни миленици.
Дружба
14. Боби, чудото од куче, откако случајно бил оставен од неговите сопственици, патувал 4.506 километри и се вратил дома.
15. Териерот Боби од Единбург, Шкотска, бил верен на неговиот сопственик дури и после неговата смрт во 1858 година. 14 години, Боби постојано одел на гробот на неговиот сопственик. Денес, постои споменик од Боби, близу до гробот којшто го посетувал.
16. Фидо, чијшто сопственик Карло Сориани починал во 1943 година во воздушен напад, 14 години чекал неговиот сопственик да се врати – постојано одел на автобуската станица, од каде секој ден Карло се враќал од работа.
Безбедност
17. Развиеното сетило за слух на кучињата им дозволува да го слушнат телефонскиот повик уште пред да заѕвони.
18. Кучињата може да го разликуваат звукот на автомобилот на сопственикот и другите автомобили кои поминуваат покрај домот во кој живеат.
19. Повеќето од потенцијалните крадци се обесхрабруваат поради лаењето на кучињата.
20. Топ 10 раси кои се добри чувари:
1. Ротвајлер
2. Германски овчар
3. Шкотски териер
4. Западно шкотски бел териер
5. Минијатурен шнауцер
6. Јоркшир териер
7. Керн териер
8. Чивава
9. Ердел териер
10. Пудлица
21. Ги учи луѓето на поголема одговорност
22. Кучињата бараат огромна нега: мора да им дадете да јадат, да ги шетате, да играте со нив и да ги тренирате.
23. Кучињата ја зголемуваат социјалната интеракција – тие се одлични за започнување на разговор.
24. Кучињата ги припремаат луѓето за деца. Грижата за куче е многу слична со грижата за дете.
25. Сопствениците на кучињата имаат поголеми шанси за запознавање на луѓе – кога ги шетаат нивните кучиња луѓето запознаваат други луѓе со кучиња, сретнуваат луѓе кои сакаат кучиња.
26. Кучињата помошници или водичи се тренирани за да им помогнат на луѓето со ментален или физички хендикеп.
27. Пациентите кои учествуваат во терапија со куче играат со нив, им дваат храна, и се грижат за нив. Некои кучиња за терапија се тренирани да седат мирно додека децата им читаат.
28. Воените кучиња помагаат во потрага и стражарење.
29. Полициските кучиња помагаат во бркање на осомничениот, пронаоѓање кога се кријат и чување кога се фатени.
30. Кучиња за потрага и спасување работат во различни лоши услови (земјотреси, бомбардирања и други катастрофи).
31. Кучињата на фармите помагаат во водење и чување на стоката.
32. Кучињата ги штитат семејствата и имотите. Во нивната природа е да ја чуваат територијата во која живеат.
33. Топ раси на кучиња за чување на територија:
1. Мастиф
2. Ротвајлер
3. Комондор
4. Германска дога
5. Булмастиф
6. Кувасз
7. Акита
8. Анатолиски овчар
9. Швајцарско планинско куче
34. Постојат многу активности кои можете да ги правите доколку имате куче. Шетањето на кучето и тренирањето се само неколку од многуте предизвикувачки активности.
35. Кучињата се природно неодоливи – може да ве забавуваат само гледајќи во нив. Тие можат да го расположат нивниот сопственик во било кој ден.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град