Компјутерот на вода

Во 1936, Владимир Лукјанов изградил воден компјутер кој бил најголемиот компјутер на светот кој се користел за решавање диференцијални равенки.

kompjuter na voda
компјутер на вода

Во 1936, Владимир Лукјанов изградил воден компјутер кој бил најголемиот компјутер на светот кој се користел за решавање диференцијални равенки.

Овој вид аналоген компјутер наречен „воден интегратор“ бил изграден во Советскиот сојуз во 1928. Нивоата на водата во повеќето простории претставувале запишани броеви. Брзината на течењето на водата помеѓу цефките ги претставувала математичките операции. Овие водни компјутери биле користени во СССР за големи пресметки пред усовршувањето на дигиталните компјутери.

Русија го смета компјутерот на Лукјанов како споменик на науката и технологијата. Компјутерот бил изграден за посебна цел за решавање практични проблеми за разбивање на бетонот. Решавањето на проблемот вклучува пресметување комплицирани врски помеѓу материјалните својства на бетонот, процесот на поправање и временските услови.

kompjuter na vodaПостоечките методи за пресметување не давале брзи и точни решенија, но водениот компјутер на Лукјанов давал. Водата течела низ серија чисти цефки, имитирајќи го производството на бетонските блокови. Буквално можело да се види што би се случило доколку би го замениле видот цемент и слично.

Промените на нивоата на водата биле забележувани на графичка хартија. Овие водени компјутери биле успешно користени и во геологијата, металургијата, термалната физика и друго.
Во седумдесеттите, овие компјутери сé уште се користеле во стотина институции во СССР. Дури во осумдесеттите години, дигиталните компјутери ја надминале функционалноста на водениот компјутер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top