• Почетна
  • Archive
  • Сцена & Муабети
  • Комисијата за заразни болести денес ќе одлучува во врска полицискиот час, отворањето на границите и летните тераси

Комисијата за заразни болести денес ќе одлучува во врска полицискиот час, отворањето на границите и летните тераси

Комисијата за заразни болести денес ќе одлучува дали ќе биде укинат полицискиот час или ограничувањето на движењето ќе продолжи и во текот на следниот период.

 |   | 

Комисијата за заразни болести денес ќе одлучува дали ќе биде укинат полицискиот час или ограничувањето на движењето ќе продолжи и во текот на следниот период.

Една од главните теми за кои ќе се разговара е и отворањето на границите. По неколку одлагања ќе се носи и одлука кога угостителите ќе можат да ги отворат летните тераси, дали ќе може да се одржуваат спортски тренинзи и дали градинките ќе ги отворат вратите на први јуни.

– Средина на јуни се очекува отворање на границите. Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече неодамна министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Она што е особено важно и го засега Охрид, како најголем туристички центар во државата, секако е и датумот кога ќе започнат да работат угостителските објекти. Неофицијално истите ќе бидат отворени оваа недела, но за тоа до овој момент нема никаква официјална потврда. Угостителите го имаат добиено само протоколот односно начинот по кој треба да работат откако ќе ги отворат летните тераси.

Бројките од изминатите денови ќе треба да дадат и насока, дали по сабота ќе има и ново продолжување на вонредната состојба. Од Комисијата ќе зависи и конечната одлука на партиските лидери, дали и кога земјава ќе оди на парламентарни избори. Рокот за договор е 30-ти мај кога истекуваат последните 14 дена вонредна состојба.

Според последната, официјална информација на Министерството за здравство на Република Македонија, регистриран е 21 нов случај на COVID-19 од вкупно направени 258 тестови. Најмногу се во Скопје, 12 лица од кои 9 се од иста фамилија од Чаир. Вкупната бројка на дијагностицирани достигна 1.999. Истовремено оздравени се 17 пациенти. За време пак на продолжениот викенд регистрирани се близу 80 случаи заболени од корона.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top