Колку се платени хакерите?

Ако некогаш сте сакале да го шпионирате меилот на вашата девојка или момче „Dell“ има интересни вести за вас. Не само што постои цел „подземен“ пазар за вакви работи туку и се` повеќе се развива.

logo

Ако некогаш сте сакале да го шпионирате меилот на вашата девојка или момче „Dell“ има интересни вести за вас. Не само што постои цел „подземен“ пазар за вакви работи туку и се` повеќе се развива.

„Наместо парите да им ги испраќате на криминалците кои единствено можат усно да ви гарантираат дека ќе ја извршат работата, сега можете да се осигурате дека работата ќе биде завршена и пред да ги уплатите парите. Она што е уште поинтересно е дека целата постапка ќе ве чини помалку отколку што мислите“.

hakerОвие информации се само дел од годишниот извештај за хакерите на компанијата „Dell“. Експертите задолжени за безбедноста на оваа компанија поминуваат доста време на „Dark Web“ и истражуваат колку ваквите и сличните услуги чинат.

Нивните податоци покажуваат дека хакирањето е прилично евтино. На пример, можете да нарачате хакирање на „Gmail“, „Yahoo“ или „Hotmail“ сметки 129 долари. Еднакво достапно е и хакирањето на профилите на социјалните мрежи и официјалните меилови, иако тоа чини околу 500 долари.

Она што загрижува е фактот дека хакерите овие услуги ги извршуваат такашто воопшто не ја менуваат лозинката на корисникот кој го хакираат, такашто жртвата воопшто не е свесна дека се случува нешто необично.

Некои хакери дури и нудат тест период кој е бесплатен. Во текот на овој период ви докажуваат дека нивните методи навистина функционираат во пракса.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top