Кокошката постара од јајцето…конечно

Ќе се открие ли одговорот на вечното прашање- што прво настанало кокошката или јајцето?

kokoska
кокошка

Во Шри Ланка на свет дошло пиле без јајце. Наместо да излезе од квачката и да мине низ надворешната инкубација, јајцето 21 ден останало во телото на кокошката и потоа пиле си излегло во кокошката. Пилето било здраво и целосно оформено, но квачката угинала.  

kokoskaПретставник на државната ветеринарска служба Јап од местото Велимак, рекол дека никогаш досега не видел сличен случај, и смета дека оплоденото јајце се развило во репродуктивниот систем на кокошката, но останало во телото додека не било изнесено. Резултатите од обдукцијата извршени на кокошката покажале дека таа угинала од внатрешни повреди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top