Италијанската актерка Моника Белучи, чијшто сексапил со години не стивнува, е всушност, поборник на природното стареење.
Италијанската актерка Моника Белучи, чијшто сексапил со години не стивнува, е всушност, поборник на природното стареење.
Белучи е лута на притисоците коишто на жените им го наметна општеството за тоа како би требало да изгледаат. Клучот на убавината и задоволството оваа заводничка го гледа во самодовербата на жената.
-Навистина ми е здодевно да ги слушам жените кои на 40 години би сакале да изгледаат како да имаат 20. Тоа е бизарно. Но, не сум против пластичната хирургија, можеби ќе направам лифтинг во наредните 10 години – рекла сексапилната Моника за списанието „Amuse“.
Моника Белучи има две ќерки со сопругот и колега Винсент Касел. Кога не работи, таа е посветена на нив – наместо да се опседнува секогаш да изгледа беспрекорно.
-Кога сум дома, воопшто не се шминкам. Сметам дека моето семејство треба да биде центар на светот. За актерите тоа е тешко бидејќи обично на се околу нас му се придава големо внимание – рекла Моника.
Веќе е изморена, како што вели актерката, да слуша дека постои само еден вид женска фигура која е привлечна. Го почитува фактот дека секоја жена е поинаква и би сакала и другите жени тоа да го сфатат на вистински начин.
Совршенството не постои, а и да постои, би било здодевно. Виткото тело е привлечно, но кој може да тврди дека облините не можат да бидат убави на ист начин. И големите гради и големите раце можат да бидат секси – изјавила убавицата објаснувајќи дека најважна е самодовербата и да се чувствувате добро во својата кожа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град