Кој тоа ја продава Месечината?

Неодамна излезе веста за човекот кој се решил да ја продава Месечината. Додека сите му се чудевме, тој заработувал.

Mesecina
Месечина

Неодамна излезе веста за човекот кој се решил да ја продава Месечината. Додека сите му се чудевме, тој заработувал.

MesecinaМоментално нема закони за продажби во вселената, па Денис Хоуп мудро го искористил моментот. Овој човек од Невада, САД, вели дека досега продал милиони хектари на Месечината. Неговата компанија, „Lunar embassy corp“ продава еден ар земја на Месечината за намалена цена од 19,99 долари, односно 16,99 фунти. Тој продава земја и на Марс, за малку поскапа цена.

Хоуп тврди дека досега продал 7,5% од целокупната површина на Месечината. Законот, изгледа дека никако не може да го спречи да продолжи со продажбата . Дали тоа значи дека секој од нас може да поседува вселенско тело и со него да се збогатува? Доколку планирате да го следите примерот на Хоуп, земете го предвид Јупитер, најголем е.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top