Кој повеќе заборава, мажите или жените?Кој повеќе заборава, мажите или жените?

Ако сопругот од време на време ви изгледа отсутно, заборава ситници или важни датуми, не грижете се – не сте единствена. Новото истражување покажа дека без оглед на возраста на мажите, тие забораваат повеќе од жените.

zaboraven maz
заборавен маж

Ако сопругот од време на време ви изгледа отсутно, заборава ситници или важни датуми, не грижете се – не сте единствена. Новото истражување покажа дека без оглед на возраста на мажите, тие забораваат повеќе од жените.

Без оглед дали имаат 30 или 60 години, мажите многу повеќе и многу почесто забораваат од жените. Дури и научниците биле изненадени од тоа колку забораваат мажите.

двојка“Не изненади тоа дека мажите забораваат повеќе од жените. Тоа се уште не беше никогаш документирано. Исто така, не интересира фактот дека тоа нема никаква врска со годините”, рече Џостин Холмен, професорот на норвешкиот Универзитет за наука и технологија.

Холмен заедно со својот тим спровел големо здравствено истражување во Норвешка во кое учествувале повеќе од 48.000 луѓе и тоа е едно од најголемите истражување поврзано со здравјето во Норвешка.

Испитаниците биле прашувани колку често имаат проблеми со памтењето на задачите, дали имаат проблеми со памтењето на датуми и имиња, дали можат да се сетат што правеле пред точно година дена и дали можат да се сетат на детали од конверзацијата. Во осум од девет прашања мажите имале проблеми да се сетат.

Сепак, жените иако памтат подобро од мажите, имаат повеќе проблеми со имињата и датумите. Откриено е дека најмалку забораваат високообразованите луѓе, а оние со послабо образование потешко памтат. Исто така, луѓето кои патат од тегоби и депресии имаат проблеми со памтењето.

Очекуван е резултатот дека после 60 години способноста за памтење опаѓа и кај двата пола.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top