Кој накит e непријател на здравјето?

Ефтините обетки купени од тезга на улица или на пазар не го оптоваруваат вашиот паричник, но би можеле да бидат лоши за здравјето на вашите уши затоа што содржат никел.

 |  Маја Савиќ  | 
nakit
nakit

nakitЕфтините обетки купени од тезга на улица или на пазар не го оптоваруваат вашиот паричник, но би можеле да бидат лоши за здравјето на вашите уши затоа што содржат никел. Овој метал може да предизвика дерматитс на ушите, а ако изложеноста на никел е долготрајна, лекувањето е тешко и често неделотворно. Никелот предизвикува алергија која се манифестира со иритирање и црвенило на кожата, а во потешките случаи на алергиски реакции може да дојде до појава на ранички со исцедок кои чешаат , отекување на ушната ресичка проследено со болка.
ubetki

Поради тоа што на повеќето производители не ја наведуваат количината на никелот кои го содржи накитот, ризично е да се купува ефтина бижутерија бидејќи неговите произведувачи се веројатно помалку внимателни во изборот на материјалот што се однесува на неговите способности за предизвикување алергии.
Затоа, стручњаците советуваат да носите накит од челик кој не корозира, платина или злато, ако се сомневате дека сте чувствителни на никел. Евентуално можете да побарате накит на кој е истакната етикета „без никел“.
Во борбата против на дерматитис на ушните школки, делотворни се креми или маслa со еден отсто хидрокортизон. Доколку тегобите не исчезнуваат во период од три до пет дена по престанувањето на носењето на накитот, посетете дерматолог.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top