Кои се финтите со кои не „ловат“ супермаркетите?

Со оглед на парите кои се вртат внатре, не е чудно што големите супермаркети се едни од најпедантно истражуваните простори на човечко однесување.

supermarket
супермаркет

Со оглед на парите кои се вртат внатре, не е чудно што големите супермаркети се едни од најпедантно истражуваните простори на човечко однесување.

Продавачот животно е заинтересиран за психологијата на својот купувач и притоа кумулирал низа трикчиња со кои му олеснува да си ги потроши парите.

supermarket* Влезовите во големите маркети на запад обично се еднонасочни. Влегуваш и вратата зад тебе се затвора па треба да минеш барем неколку тезги и трговски понуди за да го најдеш излезот. Како лавиринт во хорор филмовите, само што овде никој нејќе да те убие туку само да цицне некоја пара од тебе.

* Супермаркетите преферираат на самите влезови да имаат куп свежо цвеќе за да го наметнат впечатокот дека се влегува во нешто што е полно со живот и свежина.

* Мирис на цимет или мирис на тазе леб. Тоа секогаш го поттикнува апетитот и желбата тој да се задоволи. А се наоѓаш на вистинското место за задоволство.

* Гондолите во средината на супермаркетот носат најмногу пари. Затоа таму се некои од најпотребните и најкупуваните производи (кафе, шеќер); за да дојде човек до нив, треба да прошета и низ останатите делови за да му се даде шанси да му се допадне нешто ново.

supermarket* Со тек на време, купувачот во својот омилен супермаркет се навикнува на своја позната траекторија. Затоа одвреме навреме во продавницата се преместуваат некои производи, за да се разбие ваквата негова шема и тој да се натера да мине подолго време внатре.

* Количките се намерно преголеми. На ретко кој купувач му треба баш толкава количка, Но ако, баш затоа: кога на човек му е дадена празнина, има внатрешна потреба да ја пополни.

* Западниот свет чита од лево кон десно. Окото постојано ни бега десно, кон “епилогот” на акцијата. Затоа на рафтовите десно се оние производи кои маркетот сака да му ги купиме.

* Не дека сме мрзи ама мрзи сме. Производителите знаат дека најскапи за закуп се оние рафтови кои се во просечна висина на окото на купувачот. За деца, производите со нивните омилени ликови се сместуваат подолу, на детско ниво, за да може детето веднаш да ги види и да фати да кенка.

* Супермаркетот очајно се труди да те забави, да не брзаш толку. За таа намена служат и оние бесплатни грицки и лапни голтни понуди. Да успориш и плус да ти го покренат метаболизмот за јадење.

* Битна алатка во успорувањето на купувачот е и музиката. Проверено влијае на ритамот со кој се движат луѓето во маркетот. Затоа не очекувајте спид-метал во супермаркет.

* Децата што плачат во супермаркети се платени актери кои привлекуваат внимание кон одреден производ.

Ова последново уфрлено со децата е комплетна лага и измислица. Тоа е од една друга лекција: како функционираат лагите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top