Кога враќањето од мртви ви е професија

Сем Парнија, началник на Одделението за интензивна нега во Универзитетската болница „Стони Брук“ во Њујорк, смета дека со примена на современата техника за реанимација многу животи би можеле да бидат спасени.

Sam Parnia
Сем Парниа

Сем Парнија, началник на Одделението за интензивна нега во Универзитетската болница „Стони Брук“ во Њујорк, смета дека со примена на современата техника за реанимација многу животи би можеле да бидат спасени.

Ако како пациент во неговата болница сте имале прекин на работата на срцето, вашите шанси да бидете вратени од мртвите би изнесувале 33 отсто.

Во просечната американска болница тој процент би бил значително помал (околу 16) колку би изнесувал и во Британија (или дури помалку.

Применувајќи ја методата за екстраполација (проширување на законитоста или заклучокот утврдени за едно подрачје, на пошироко, се уште неиспитано подрачје) тој заклучил дека релативно поевтините и едноставни постапки кои тој ги користи за обновување на виталните функции, би можеле да спасат живот на 40.000 Американци и околу 10.000 Британци годишно.

Sam ParniaПоради тоа, не изненадува што овој лекар кој прво се обучувал во Велика Британија, во 2005 година се преселил во САД, фрустриран што медицинскиот естаблишмент одбива да ги земе предвид овие бројки. Во надеж дека ќе разбуди пошироко интересирање, напишал книга под наслов „Лазаров ефект“.

Тој поставува прашања што точно се случува со пациентот, неговата личност и помнењето – Парнија тоа го нарекува „душата“ – додека лежи мртов, неколку часа пред да биде вратен во живот.

– Уверен сум дека секој кој умира од нешто што може да се „поправи“ денес повеќе не би требало да умре. Факт е дека срцевиот удар, сам по себе е проблем кој особено лесно се решава.

Ако во тој момент реагирате на вистински начин, отворите срце, го отстраните згрутчувањето, вгридете стент и срцето во најголемиот број случаи, повторно ќе проработи.

Исто е со инфекциите, воспаление на белите дробови и слично. Ако човекот не реагира навремено на антибиотици, би можеле да го задржиме извесо време (после смрта) се додека не почне да реагира – објаснува тој.

Убедувањето на Парнија се заснова на неговото 20-годишно искуство на работа со пациенти на граница на животот и смртта, особено во последните пет години кога се остварени најголемите достигнувања во областа на реанимацијата.

Едно девојче во Јапонија било мртво подолго од три часа, а ја реанимирале шест часа. После тоа, продолжила да живее нормално, а колку што ми е познато, неодамна се породила, рече Парнија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top