„Книги во чевли“ денес во Охрид

Во Македонија деновиве престојуваат тројца хрватски писатели во рамките на проектот „Книги во чевли во Македонија“.

 |   | 

Во Македонија деновиве престојуваат тројца хрватски писатели во рамките на проектот „Книги во чевли во Македонија“.

Хрватските писатели Ана Ѓокиќ и Зоран и Ема Понграшиќ во различни градови во Македонија ги промовираат своите дела на работилници каде што децата имаат можност да се запознаат со авторите, чиишто детски книги се веќе преведени од издавачот Блесок.

Со проектот „Книги во чевли“ авторите континуирано држат работилници на Балканот, а овојпат за првпат претставуваат книги на македонско говорно подрачје.

Промоцијата на проектот и книгите во Охрид ќе се одржи денес, со почеток во 18 часот, во просториите на Унивезритетот „Св. Апостол Павле“, поточно во просториите на ФИОФА. Промоторка ќе биде поетесата Долорес Атанасова–Лори.

Целиот овој караван е финансиски поддржан од Министерството за култура на Хрватска и од Град Загреб, како и од Традуки. Причината поради која Традуки интензивно поддржува проекти поврзани со литературата за деца е што различните истражувања правени во земјите на Европа укажуваат дека децата на возраст помеѓу 9 и 16 години воопшто не читаат, а целта што треба да се постигне е да им се врати книгата в раце на сите деца.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top