Ким Кардашијан по 72 дена брак побара развод

Американската риалити ѕвезда Ким Кардашијан во понеделникот поднела барање за раскинување на бракот од сопругот НБА кошаркарот Крис Хамфрајс.

 |   | 
kim
Kim

Американската риалити ѕвезда Ким Кардашијан во понеделникот поднела барање за раскинување на бракот од сопругот НБА кошаркарот Крис Хамфрајс.
Kim i Kris
„По внимателно размислување, одлучив да ставам крај на својот брак. Се надевам дека секој разбира оти оваа одлука не е лесна. Се надевав дека овој брак ќе трае засекогаш, но понекогаш работите не одат како што е планирано. Остануваме пријатели и си посакуваме еден на друг сe најдобро“, се вели во изјавата на Ким Кардашјан што ја пренесува Fox News.

Според пишувањето на таблоид порталот TMZ, двојката имала несогласувања околу тоа каде на крајот да се скрасат. Хамфрајс наводно жестоко се залагал за неговата родна Минесота, додека Ким едноставно не се согласувала со тоа.

Порталот пишува и дека Хамфрајс не знаел дека неговата сопруга во понеделник наутро ќе поднесе барање за развод.

Таблоидот US Weekly на своето интернет издание објави дека Хамфрајс категорички се спротиставува на разводот и очајнички се обидува да го спаси својот брак со Ким.

„Јас сум предаден на овој брак и на се што таа заедница претставува. Ја сакам својата жена и скршен сум од сознанието дека бара развод. Подготвен сум да сторам се што е потребно за бракот да функционира“, изјави Хамфрајс за US Weekly.

Иако бракот е кус, наведува TMZ, Кардашјан нема да бара негово поништување, туку како причина во барањето навела „причини што не можат да се надминат“. Двојката имаше потпишано предбрачен договор, а според медиумите Кардашјан ќе се обиде да го спречи тоа на Хамфрајс да мора да му плаќа алиментација.

Ким Кардашјан од своето семејно риалити шоу „Keeping Up with Kardashians“ коешто се емитира веќе шеста сезона, а од реклами, спонзори и козметички линии во 2010 година заработила околу 6 милиони долари, додека Хемфрајс во моментов е без договор во НБА.

Кардашјан која има 31 година, се омажи за 26-годишниот Хамфрајс на спектакуларна венчавка во Холивуд на 20-ти август, за кое медиумите пишуваат 10 милиони долари. Само венчалниот прстен со дијамант од 20,5 карати кој Хамфрајс и’ го подари на Кардашјан, чинеше 2 милиона долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top