Катарина стана ангел

По бројните успеси на модните писти и соработката со најпознатите, светски реномирани дизајнери, прекрасната Катарина Ивановска го достигна сонот на многу модели ширум светот и стана дел од ангелите на ултра популарната модна куќа “Victoria’s Secret”.

 |   | 
Катарина
Katarina

katarinaПо бројните успеси на модните писти и соработката со најпознатите, светски реномирани дизајнери, прекрасната Катарина Ивановска го достигна сонот на многу модели ширум светот и стана дел од ангелите на ултра популарната модна куќа “Victoria’s Secret”.

Имено, соработката на Ивановска со модната куќа веќе е започната и досега манекенката учествуваше во две кампањи, од кои првиот пат позираше за интернет страната на компанијата, а вториот, по големиот впечаток кој таа го остави со нејзината професионалност и умешност, одговорните од “Victoria’s Secret” ја ангажираа и за главниот каталог.

Но, Катарина не е успешна само во манекенските светови и, иако има само 22 години, таа покажа дека со напорна работа, многу вложен труд и дисциплина успехот е загарантиран, па дури и за младите.

Така, Катарина неодамна почна да работи на најновиот филмски проект на Дарко Митревски “3-то Полувреме” чие дејствие се одвива во времето на Втората Светска Војна, а таа ќе ја толкува главната женска улога, односно ликот на Ребека, младата еврејка.

katarina

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top