Kако да се уплаши бестрашната жена?

Последните години научниците многу научија за стравот.Во тоа им помогна жената која никогаш не почуствувала страв.

logo
лого

Последните години научниците многу научија за стравот.Во тоа им помогна жената која никогаш не почуствувала страв.

stravРетка болест уништила делови од нејзината амигдала, дел на мозокот одговорен за чувството на страв, поради кој таа станала бестрашна. Не само во експериментите, туку и во животот, оваа жена не покажала страв ни од хорор филмови, ни од змии, ни од пајаци, не ја уплашиле ни со закана за смрт, а не ја уплашиле ни грабежи со пиштол или нож. Иако одсекогаш живеела во дел од градот преполн со криминал, дрога и опасности, студиите покажале, дека поради недостатокот на функционална амигдала, неа ништо на ја плаши.

Но неодамна оваа жена доживеала напад на паника, а факт што успеала да почуствува страв и без амигдалата, дава информации за тоа како работи мозокот и дава некои корисни информации за студиите кои се однесуваат на анксиозноста.

Напад на паника доживеала за време на еден експеримент во кој постепено бела гушена со јаглерод моноксид преку маска, секако со количини на гас кои не се опасни по живот, но самата постапка кај оваа жена предизвикала моментално чувство на гушење и секако страв.

Резултатите од експериментот зборуваат дела иако амигдалата е клучна за стравот, и други делови од мозокот предизвикуваат страв, генерирајќи го преку искуство слично на срцев удар.

Истражувањето е спрведено во универзитет во Ајова Сад, а е објавено во научното списание “Nature Neuroscience”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top