Како да се омажиш за милионер?

Имено, целта на 30 часовниот курс кој чини околу 3.000 долари е да се научат жените како да пронајдат богат маж.

 |   | 
sponzorusha
спонзоруша

diamondsПрвата и основна лекција во Центарот за морална едукација на жените во Пекинг, е како да се омажите за милионер.

Имено, целта на 30 часовниот курс кој чини околу 3.000 долари е да се научат жените како да пронајдат богат маж.

За време на наставата, жените се учат како да се шминкаат и како да препознаат вистински милионер според изгледот и нивното однесување.

Исто така, во школата се нудат и часови за подготовка на најразлични видови на чаеви. Да се омажат богато е “главна цел на голем број на кинески Пепелашки”, пишува весникот “BeijingToday”.

Според агенцијата “Reuters”, денес во Кина има 189 милијардери и речиси милион милионери.

Успехот на курсот го потврдува и фактот што во училиштето веќе се пријавиле неколку богати ергени во потрагата по “сродната душа”.

Во изминатите неколку месеци, со посредство на оваа школа се венчале 30 парови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top