Временската прогноза со децении исклучиво се домен на државните и меѓудржавните хидрометереолошките агенции.
Временската прогноза со децении исклучиво се домен на државните и меѓудржавните хидрометереолошките агенции.
Но, технолошката револуција која фундаментално го потресе светот во последните 20 години ја променија оваа традиција, па индустријата на приватни компании започна да се занимава со прогноза за времето, како на пример најпознатиот „AccuWeather“ и уште неколку мали, се проценува дека вреди околу 6 милијарди долари, пренесува порталот „Факултети.мк.“
Нивниот бизнис модел воглавно се базира на обработување и анализа на податоците од државните агенции. Потешкиот дел од работата, кој се однесува на софистицирани компјутерски модели и понатаму го работат агенции како Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето во Европа (ECMWF), а во Америка тоа е Националниот центар за временска прогноза (NOAA) која своите прогнози ги основа на моделот GFS (Globl Forecasting System), сродни институции во други области.
Агенциите кои се занимаваат со временски прогнози вработуваат стотици научници, хидрометеоролози и софтверски инженери кои повлекуваат податоци од различни извори, вклучувајќи сателитеи и балони и потоа софтверски произведуваат модели кои симулираат временски услови во различни атмосферски височини во период од 10 до 16 дена.
Сега, дел од „колачот“, резервиран за државните организации сака и приватната технолошка компанија „Panasonic“. Нил Џејкобс, извршниот директор во „Panasonic Weather Solutions“ изјави дека компанијата во последните неколку години работи на сопствени модели за глобална прогноза на времето на 11.000-core суперкомпјутер и тврди дека нивните прогнози се попрецизни од оние кои ги прават постоечките меѓудржавни организации.
Клучната предност се состои во тоа што оваа компанија користи податоци кои ги собираат авионите. За време на администрацијата на Клинтон, владата побарала од авиокомпаниите да започнат да собираат податоци за временските услови, а првата компанија која изработувала „TAMDAR“ сензорни системи е компанијата „AirDat“.
„AirDat“ развила сензори за следење на временските услови за подобрување на безбедноста на летот, а компанијата ја презеде „Panasonic“ во 2013 година.
Сега „Panasonic“ поставува „TAMDAR“ системи на авионите кои летаат на регионални рути, се шири во Европа и Азија и постојано се зголемува износот на собраните податоци. Авионите од полетувањето до слетувањето ги забележува сите податоци за температура, ветер, влажност на воздухот, притисокот на воздухот и други корисни информации и врз основа на тоа создава прецизни модели.
Засега, компанијата се`уште е во фаза на разгледување на кој начин најдобро ќе го монетизира овој проект, но глобалниот модел за прогноза може да вреди милијарда долари.
Ако ECMWF предвидува дека во следните 10 дена во Северна Америка температурата ќе биде многу ниска, а предвидувањата на американската GFC вели дека нема, одлуката поврзана со тргувањето на брокерите ќе биде полесна за донесување ако има трет глобален модел кој може да постигне рамнотежа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град