Каде оди македонското огревно дрво?

Државата го сече и продава. Шумите ги снемува, полицијата апси дрвокрадци, а се зборува за бизнис од вртоглави десетици милиони евра, пишува „Телма“.

drvo

Државата го сече и продава. Шумите ги снемува, полицијата апси дрвокрадци, а се зборува за бизнис од вртоглави десетици милиони евра, пишува „Телма“.

Но, на „далечниот исток“ од земјата, како што вели дедо Арсе од село Добрево никој не видел ниту пак може да купи огревно дрво. 30 години минал во окната на пробиштипските рудници сега заработува со секирата. Ги сече туѓите дрва, но не и неговите.
Заради оваа куќа и 8-те месеци помалку стаж за него нема ниту пенезија, ниту социјално, а ниту дрва кои државата ги нуди како социјална мерка. Додека дедо Арсе прибира што ќе најде, скопските шпорети голтаат се и сешто.

Каде завршија 600 илјади кубни метри даб, бука и габер. За работата на јавното претпријатие сведочат соголените ридови, а за недостатокот празните складови.Секое утро на вработените им започнува со толпа гневни граѓани, кои платиле однапред. Чекаат со месеци, добиваат изговори.

drvoДиректорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски порачува граѓаните да бидат трпеливи. Полните затвори со дрвокрадци се причина за поголемата побарувачка на легално дрво. Во недостаток од државно дрво, граѓаните се обраќаат до приватните складови. Тие во овој период се преполни. Не сакаа да ни објаснат од каде ги набавуваат. Еден кубен метар продваат за 3600 до 4000 денари додека оние државните што ги нема чинат 2454 денари за даб  и 2370 за бука, плус 150 денари транспорт за секој кубик. Сепак, македонските граѓани во просек трошат 800 илјади кубни метри легално дрво, што е повеќе од произведената и увезена количина.

Граѓаните обвинуваат дека државата прави бизнис, македонското дрво го извезува, а домашниот пазар се снабдува со увезено од Србија, по многу повисока цена. Караџовски ги отфрли овие обинувања. За само 20 дена се исечени дополнителни 60 илјади кубни метри кои треба да завршат на домашниот пазар. Владата пред 8 години ја утврди цената. Направи олеснувања за социјалните категории граѓани, а им даде предност на пензионерите.

Додека дедо Арсе и граѓаните со слични проблеми се жалат дека нема дрва, македонски шуми пред две години вработи нови 1 600 луѓе, најави помасовна сеча и навремена испорака, пренесува „Телма“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top