Русите се сметаат за најголемите алкохоличари, но според ново истражување од „Еуромонитор“, Јужнокорејците се оние кои пијат најмногу.
Русите се сметаат за најголемите алкохоличари, но според ново истражување од „Еуромонитор“, Јужнокорејците се оние кои пијат најмногу.
Студијата покажала дека Корејците конзумираат просечно 14 чаши алкохол неделно, додека Русите само 6. На инфографикот се покажува дека конзумирањето на алкохол од страна на Русите се намалува во текот на последната деценија, додека за државјаните од Јужна Кореја и Филипините, ситуацијата е онаа спротивната. Во Австрија и Белгија, на пример, конзумирањето на алкохол речиси не се менува.
Меѓутоа, постои проблем со овие податоци. Никаде не се посочува за кој вид алкохол станува збор. Корејците можеби пијат 14 чаши од традиционалниот пијалок од дестилизиран ориз кој содржи само 20% алкохол, додека вотката има 40% алкохол. Ова би значело дека Русите сепак пијат повеќе алкохол од Јужнокорејците, или барем еднакво.
Според студијата, ова се земјите кои пијат најмногу алкохол:
1. Јужна Кореја
2. Русија
3. Филипини
4. Тајланд
5. Јапонија
6. Бугарија
7. Украина
8. Словачка
9. Бразил
10. САД
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град