Јапонците, паметен народ

Јапонците го почитуваат времето, па просечното време на доцнењето на возовите во Јапонија е седум секунди, деца до шесто одделение во училиштето учат етика, забрането е мобилните телефони да се користат во јавниот превоз, бидејќи ги вознемируваат другите луѓе.

japonci
јапонци

Јапонците го почитуваат времето, па просечното време на доцнењето на возовите во Јапонија е седум секунди, деца до шесто одделение во училиштето учат етика, забрането е мобилните телефони да се користат во јавниот превоз, бидејќи ги вознемируваат другите луѓе.

Целиот свет им се восхитува на Јапонците, кои нивната земја по 1945-та година ја воскреснаа од пепелта и од целосно уништена стана една од најпросперитетните и најбогатите земји во светот.

Сепак, обично сé се завршува само со восхитување, а ние самите како општество не се ни обидуваме да направиме нешто за да ја претвориме нашата земја во нешто што барем наликува на оваа напредна земјата на Изгрејсонцето.

Ако сепак работите за да се обидете да смените нешто, или сте чесен политичар кој го сака доброто на својата земја, а не мислите само на себе и својот џеб, ви препорачуваме да ја прочитате листа на 14 работи на кои можат да ве научат Јапонците.

japonci1. Јапонските деца секој ден заедно со учителите го чистат своето училиште, за да научат да ја почитуваат хигиената, но и работата.
2. Просечното доцнење на возовите е 7 секунди. Времето строго се почитува.
3. Работниците кои се грижат за хигиената ги нарекуваат инженери за здравје и добро се платени.
4. Јапонија нема природни ресурси, секоја година ја погодуваат стотина земјотреси, а сепак е втората најразвиена економија во светот.
5. На Хирошима и’ требаше 10 години да се опорави од атомската бомба.
6. Во Јапонија мобилни телефони не се користат во градскиот превоз, во рестораните и на другите јавни места, за да не ги вознемируваат останатите граѓани.
7. Децата до шесто одделение учат етика за однесување.
8. Иако спаѓаат меѓу најбогатите луѓе во светот, Јапонците никогаш немаат куќна помошничка или дадилка.
9. Во училиштата, децата од пониските оделенија, немаат оцени. Целта на образованието е да се изградат здрави личности.
10. Во рестораните ќе видите луѓе кои јадат точнo колку што им е потребно. Храната никогаш не се фрла.
11. Секој кој има куче носи кеса за да исчисти по кучето. Чистотата е дел од јапонската етика.
12. По оброкот, во училиштето децата секогаш ги мијат заби.
13. Паузата за ручек во училиштата е од половина час, иако многумина оброкот го завршуваат за многу пократко време. Важно е да се јаде пополека, а не во брзање, сметаат Јапонците.
14. Често можат по улиците да се видат луѓе со маска на лицето. Тоа го прават луѓето кои се болни, за да не ги заразат останатите минувачи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top