Извини душо, нешто ме боли паричникот

Зошто жените бираат шопинг наместо секс? Научниците откриле дека при изборот исто ќе постапат и оние кои имаат добар секс со партнерот и оние кои имаат лош секс.

 |  Маја Савиќ  | 
shoping
shoping

Повеќето жени подобро би се одлучиле за шопинг отколку секс со партнерот, а научниците откриле дека исто ќе постапат и оние кои имаат добар секс со партнерот и оние кои имаат лош секс.
shoping
Истражувањето кое го потпишуваат тимот на сексолози од Оксфорд, а кое траело четири години и вклучило 1300 жени, покажало дека дури 62% од жените кога морале да бираат помеѓу сексот и шопингот, тие одбрале шопинг.

“Не зачудија резултатите, затоа што повеќето жени внесуваат многу повеќе емоции во сексот отколку мажите, што значи заклучокот сам се наметнува дека жените купуваат со емоции.”, рекол др. Иан Ирвинг кој бил на чело на истражувачкиот тим.

shoping‘И жените кои се задоволни од својот сексуален живот, и оние кои го оцениле како сјаен, сепак сите го одбрале шопингот, а тоа нам ни отвара подлога за ново истражување.”, истакнала психологот Леа Муреј која соработувала на истражувањата.

Да ве потсетиме дека пред една година, експертите утврдиле дека шопингот може да стане зависност, и тоа многу почесто кај припадничките од понежниот пол. Споменатото истражување оди во прилог со таа теза, некои психолози веруваат дека тоа е површно.

‘Жените во шопингот обично бараат некаков вид на утеха, задоволуваат некоја емоцинална желба, така да не се чудиме што им е тоа поважно од сексот. Можеби требаше да ги прашаме што би одбрале помеѓу шопинг и вечна љубов, тогаш резултатите сигурно би биле поинакви.’, изјавила психологот Маурис Кисинџер.

‘Факт е дека претераното уживање во шопингот има некакво значење. Но, таквиот шопинг има и друга страна, како на пример грижа на совест, минус на сметката и слично.’, вели психологот Лилјана Маријановиќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top