Италијанец (99) се разведува од сопругата затоа што го изневерила во 1940 година

Италијански пар ќе стане најстариот пар којшто стигнал до развод, откако 99-годишниот сопруг дознал дека неговата 96-годишна сопруга го изневерила пред повеќе од 60 години.

 |   | 
love letters
love letters

love lettersИталијански пар ќе стане најстариот пар којшто стигнал до развод, откако 99-годишниот сопруг дознал дека неговата 96-годишна сопруга го изневерила пред повеќе од 60 години.

Возрасниот Италијанец пред Божиќ разгледувал стари нешта низ ковчег со мали фиоки, кога открил љубовни писма кои неговата сопруга му ги пишувала на својот љубовник.

Италијанецот, идентификуван само како Антонио, погоден од предавството, веднаш се соочил со својата сопруга Роза. Таа признала сè, но не можела да го убеди својот сопруг да се премисли за разводот.

„Сопругот реши да побара развод откако ги откри писмата. Се чувствува предаден и чувствува дека не е во можност да го продолжи бракот кој трае 77 години“ – изјавила адвокатката Ана Орекиони.

Антонио и Роза се во брак 77 години, имаат пет деца, 12 внуци и едно правнуче. Аферата била последната капка која ја прелеала чашата, бидејќи парот и претходно имал проблеми во бракот. Пред 10 години Антонио кратко време ја имал напуштено семејната куќа и живеел со еден од своите синови.

Кога разводот ќе биде финализиран, парот може да го земе рекордот за најстари лица кои се развеле. Моментално овој рекорд го имаат Британците Берти и Џеси Вуд кои се разведоа кога двајцата имаа по 98 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top