Исланд – најмирољубива држава во светотот

Најмирољубива држава во светот е Исланд, се вели во анализата на Светскиот индекс на мирот на Институтот за економија и мир.

 |   | 

Најмирољубива држава во светот е Исланд, се вели во анализата на Светскиот индекс на мирот на Институтот за економија и мир.

По Исланд следуваат Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска и Чешка. Словенија е на седмото место, Канада на осмото, Швајцарија на деветтото и Јапонија и Ирска на десеттото место.

На последното место е Сирија, а пред неа се Авганистан, Ирак и Јужен Судан и Јемен.

Македонија е на 102 место, последна од државите во регионот. Бележи пад од седум места во однос на ланскиот извештај.

Во регионот највисоко е рангирана Словенија на седмото место, на 31 место е Хрватска, 28 – Бугарија, 56 – Србија, 57 – Албанија, 67 – Црна Гора, 84 – БиХ.

Исланд е на првото место од 2008 година. Класификацијата е направена за 163 држави каде живее 99,7 отсто од вкупното население во светот.

Вкупно 93 држави ги подобриле позициите во индексот на мир во спредба со минатата година, а 68 ги влошиле.

Политичката стабилност во САД е намалена за 11 места откако претседателската кампања на Доналд Трамп покажала длабоки поделби во општеството.

Австрија Данска, Финска. Шведска и Белгија имаат влошени позиции поради засилување на популистичките партии, но остануваат меѓу челните. Полска „паднала“ за 11 места – на 33 место, поради протестите и политичките тензии. Русија е на 151 место – на исто место каде била класифицирана и лани.

Светскиот индекс на мирот се изготвува од Институтот за економија и мир врз основа на 23 показатели вклучително – случаи поврзани со насилства, ниво на милитаризација, увоз на оружје, број на бегалци и број на загинати во внатрешни конфликти.

Анализата покажува дека политичките потреси во САД создале серизона нестабилност во Северна Америка во 2016 година, а Блискиот исток е со бран насилства. Ривалството меѓу Саудиска Арабија и Иран ја влошило состојбата на ионака нестабилниот Блиски исток поради сириската граѓанска војна. Двете држави поддржуваат спротиставени страни во конфликтот во Јемен. Во тој регион се трите најнестабилни држави – Сирија, Ирак и Јемен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top